Во Македонија ќе се плаќа и со мобилен


Македонските граѓани од крајот на оваа година ќе можат одредени услуги да плаќаат преку мобилен телефон, Интернет или кабелски провајдер. Ова е предвидено во измените на Законот за платен промет, информира Капитал.

„Со измените на Законот за платен промет се воведува една современа можност за дополнителен метод и начин за плаќање на услугите преку мобилен.

Ќе се постават терминали на кои со приложување на мобилниот телефон, исто како што со кредитна картичка се врши плаќањето, да се активира вашата сметка на мобилниот телефон со внесување ПИН да се плати сметката.

Потоа, на крајот на месецот трошокот ќе биде вклучен во фактурата која ќе ви ја достави мобилниот оператор. Истото ќе може да се направи преку сметките за кабелските и за интернет-провајдерите“, изјави министерот Ставрески.

Според измените во Законот, овие плаќања ќе бидат ограничени за поединечен износ до 1.000 денари, а вкупно во текот на месецот 6.000 денари.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1