55 ГОДИНИ НАШ СВЕТ


Првиот и единствен македонски неделник за млади Наш свет деновиве го слави својот 55 роденден. Станува збор за првото списание со компјутерски прелом во НИП Нова Македонија зад кое денес стои издавачката куќа Просветно дело. Роденденот ќе биде одбележан со голема забава на која ќе гостуваат бројни македонски ѕвезди.  _1
 
Во јануари 1960 година бил објавен првиот број на неделникот Наш свет кој го уредувале некои од најеминентните имиња во македонската литература како, Васил Куновски, Симон Дракул, Ванчо Николески, Видое Подгорец, Киро Донев и Рајко Јовчевски. Токму во Наш  свет биле објавени првите стихови на Лидија Димковска и академик Катица Ќулафкова, биле застапени сите македонски изведувачи од Леб и сол и Мизар, до Тоше Проески и Каролина, одбележани најголемите спортски успеси на клупско и репрезентативно ниво.
Половина век Наш свет ги бележи активностите на сите основни училишта во Македонија, ги презентира регионалните, државните и меѓународните успеси на многу генерации ученици. Најталенти на Наш свет биле Марко Ковачевиќ, Боби Андонов, стотици деца врвни спортисти, актери, музичари, танчери…  Во овој неделник биле објавени ексклузивни интервјуа со Пауло Коелјо, Моника Селеш и Априлин Пајк, првите интервјуа на Перо Антиќ, Тони Зен, Некст Тајм и ексклузивците на М2.  
Кум на списанието е Максим Гонев од Велес, кој победил на конкурсот организиран во почетокот на 60-те години од минатиот век. Максим ќе биде специјален гостин на роденденската забава на Наш свет која ќе се случува на 31 јануари (сабота) во 12 часот во холот на Веро центарот. 55. роденден ќе биде одбележан во друштво со Дани, Тони Зен, Мијата, Нина Јанева, Дарко Илиевски, Влатко Илиевски, Симона Попоска, Јана Бурческа, диџеј Фани, Ребис, Ритам плус, КУД Орце Николов и солистите на Златно славејче.  
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1