Се спрема невреме, локалните власти на нозе!


Најавеното невреме кое низ Македонија треба да почне од утре доцна попладне, ги дигна на нозе локалните власти. На денешниот работен состанок на Kризниот штаб, општините ги мобилизираа сите институции кои со своите капацитети и ресурси ќе можат да се справат со евентуалната елементарна непогода.nevreme dozd 11

На готовс ќе бидат полицијата, армијата, јавните претпријатија, месните и урбаните заедници. До утре службите ќе ги проверат сите објекти и куќи кои се наоѓаат во непосредна близина на поголемите реки.

Со вреќи со песок ќе се обезбедуваат најкритичните места.

Освен пороен дожд, ќе дува и силен јужен ветер до 80 км/час, а на повисоките места над 1.000 метри врнежите се очекува да бидат од снег.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1