60 годишен битолчанец за пари терал три малолетни деца на блудни дествија


Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – СВР Битола, Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице, шеесетгодишен битолчанец, кој сторил три продолжени кривични дела -Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.pedofil_1

Осомничениот во временскиот период од  5-ти до 10-ти овој месец, извршил полови дејствија врз три деца кои не наполниле 14 години на начин што за паричен надоместок ги терал на блудни дејствија.

Надлежниот јавен обвинител кој ценеше дека се исполнети законските основи до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Битола, поднесе Предлог за определување мерка – Притвор на осомничениот , кој предлог беше прифатен и со Решение е определена мерка Притвор против осомничениот во трање со 30 дена.​

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1