700 видови бактерии открилле во мајчиното млеко


Шпански истражувачи открија бактерии во мајчиното млеко кое што е главен извор на храна кај новороденчињата. Студијата покажала голема микробиолошка разновидност од повеќе од 700 видови.

130104_Lactobacillus_WIKIPEDIA.png
Мајчиното млеко добиено од мајката е еден од факторите кои детерминираат како бактериската флора ќе се развие кај новороденчето. Сепак, составот и биолошката улога на овие бактерии кај доенчињата остануваат непознати.
Група на шпански научници сега користат техника врз основа на ДНК секвенционирање кои го идентификуваат сетот на бактерии кои се наоѓаат во мајчиното млеко кои се нарекуваат „microbiome“.
Колострумот е првиот секрет по породувањето. Во некои од примероците земени од оваа течност, повеќе од 700 видови на овие микроорганизми се пронајдени, што е повеќе отколку што првично се очекувало. Резултатите се објавени во американскиот весник „American Journal of Clinical Nutrition“.
Најчестите бактериски видови се „Weissela“, „Leuconostoc“, „Staphylococcus“, „Streptococcus“ и „Lactococcus“.
Со оглед дека бактериите присутни во мајчиното млеко претставува еден од првичните случаи на контакт со микроорганизмите кои го колонизираат дигестивниот систем на новороденчето, истражувачите сега работат на тоа дали нивната улога е метаболичка (им помага на доените бебиња да се свари млекото) или имунолошка (им помага да се направи разлика меѓу корисни или штетни организми).
Ваквата студија е важна за развојот на имунолошкиот систем, а нејзиниот прилог кај бебешката храна може да го намали ризикот од алергии, астма и автоимуни болести.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1