Во лавина на италијанските Алпи, загинаа двајца скијачи


Спасувачки тим ги пронајдоа телата на двајцата италијански скијачи, кои загинале во лавина во италијанските Алпи.

alpi skijacТелата биле пронајдени во текот на ноќта, 10 часа откако лавината ги затрупала, но морале да чекаат до утрото за да ги откопаат. Лавината се случила недалеку од градот Моена во обаста на јужна Тирола. Недалеку од местото, друга лавина затрупала четворица Италијани, но за среќа сите преживеале, а на еден од нив му била скршена ногата.

На другиот крај од истата долина, шест Руси загинале ноќта меѓу петокот и саботата, кога нивните моторни санки, кои ги влечеле паднале во провалија и покрај забраната за какви било возила на опасните планински превои.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1