71 мигрант меѓу кои жени и деца задушени во камион – Уапсени бугари (Видео)


Три лица во Унгарија, поради поврзаност со вчерашното откривање на телата на 71 емигрант, пронајдени во камион-ладилник, напуштен на патот меѓу Будимпешта и Виена, се уапсени соопшти австриската полиција. Според последните информации, во камионот имало четири деца и осум жени.

kamion migranti

71 тело на бегалци се најдени во камион за достава на храна во источна Австрија, соопшти Министерството за внатрешни работи, откако ги изброиле жртвите. Се чини дека мигрантите, чии тела почнале да се распаѓаат, се задушиле во камионот. Меѓу жртвите има 59 мажи, 8 жени и 4 деца.

Австриската полиција соопшти дека тројца луѓе се уапсени во Унгарија во врска со истрагата за смртта на бегалците. Шефот на полицијата потврдил дека тие се задушиле.

„Работевме цела ноќ, но очекувам сега веќе телата да се извадени“, рекол за Ројтерс Хелмут Марбан, портпарол на полицијата, и додал дека форензичарите сè уште се на местото на трагедијата во обид да ги утврдат фактите.

Полицијата рече и дека веројатно мигрантите веќе биле мртви кога камионот влегол во Австрија и дека претпоставуваат дека „смртта настапила пред еден и пол до два дена“.

Камионот има унгарски регистарски таблички и во средата бил во близина на Будимпешта, но неколку дена бил оставен така. Унгарската полиција работи заедно со австриската на решавањето на случајот.

Сепак, австриските власти сметаат дека возачот веќе ја напуштил земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1