Стан од 75 квадрати за 15 000 евра во скопско Ново Лисиче. Ова била само една од примамливите понуди на фризерката Благица Дончевска, која на сличен начин успеала да продаде непостоечки станови на 42 лица и да стане милионерка .
Договорот за евтиниот стан паднал во телефонски разговор, но уште поинтересно е што муштеријата не се слушнал лично со Дончевска, за станот преговарал негов пријател.
Слична приказна во судот раскажа и пријателка на фризерката која за 2 стана во Ѓорче Петров платила 30 000 долари.
Таа тврдеше дека Дончевска ја убедувала да го земе станот за нејзиното дете со хендикеп, но и да ја шири приказната на блиски пријатели.
Ги лажела дека проектот ќе успее, бидејќи има силни врски во 3 министерства, а се претставувала и како родина на претседателот на Собранието.
Од 15 до 30 000 евра оштетените плаќале за еден до два стана кои всушност не постоеле. Иако неколкупати се посомневале во приказната за владиниот проект и евтините станови, сепак на крај парите ги уплатиле бидејќи имале доверба во Дончевска.
Измамените муштерии становите никогаш не ги виделе, а кога требало да добијат клучеви и имотни листои, таа не се појавила, а средбата ја презакажала за неколку месеци.
Ем без пари, ем без стан, сега оштетените илјадниците евра си ги бараат на суд.
Sitel