На автобуската станица во Ченто -10тина момчиња претежно малолетни влегле во автобусот и со метални и дрвени шипки ги нападнале патниците, потврдуваат од МВР. 8 деца кои се враќале од училиште се повредени и однесени во болница. Страшната случка за Kанал 5 ја раскажа девојче кое било нападнато од насилниците и едно момче кое било очевидец на тепачката
Веднаш по инцидентот роднини на повредените како и месното население од Стајковци и околните села го блокираа патот. Итен состанок се одржа во месната заедница во Стајковци. Претставници на, месното население полицијата и Сафет Незири од ДУИ ја смируваа тензијата и бараа решение за проблемот со насилствата
Патот од Ченто кон Стајковци беше преполн со полиција на секои 100 метри имаше патрола која треба во текот на ноќта да се погрижи да не се повтори насилството.
По речиси два часа блокада локалното населени овозможи повторно да се одвива сообраќајот но очекуваат дека надлежните ќе преземат мерки за да можат нивните деца безбедно да се враќаат од училиште.
СВР Скопје информира дека инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“ во 19 часот.
Дел од повредените биле пренесени во Градската болница, а дел во Ургентниот центар.
Полицијата работи на расчистување на настанот.
Kanal 5