8 год дете за малку ќе настрадаше во пожар во Тетово – го спасиле соседите


Семејството Заковски од тетовското село Фалише за само еден час во пожар ја изгуби куќата и целата покуќнина. Но вистинската драма се случувала кога среде пламените јазици кои го зафатиле горниот спрат, соседи требало да го извлечат 8 годишното дете, во чија соба избувнал пожарот.

21062013141827_Pozar Falise[1]-Семејството Заковски од тетовското село Фалише со две малолетни деца, ноќва нема да ја поминат во својот дом. Ќе се снајдат да преспијат кај роднини, но од утре за нив започнува маката, како да го обноват она што го изгубија кога во моментот работи само сопругата. Апелираме за помош, велат жителите на Фалише кои учествуваа во расчистувањето на изгореното.

Тетовската територијална противпожарна единица со 4 цистерни и 10 пожарникари речиси два часа се бореа со пламените јазици. Огнот целосно го уништија горниот спрат и покривната конструкција, а долниот кат е онеспособен за живеење поради  чадот и прокиснување на водата користена за гаснење на пожарот.

Нова Македонија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1