8 години по смртта: Најдобрата другарка на Тоше Проески прозборе за него


Нашиот ангел Тоше Проески несреќно го изгуби својот живот во тоа кобно утро на 16 октомври во 2007 година во сообраќајна несреќа. За него и приватниот живот проговори една од неговите најдобри другарки, Ања Миронова. Имено таа дала интервју за српскиот портал „24 sata“.
 toseanjatbhe4h54h54hy544
–  Можам да кажам дека тој е личност за цел живот. Секогаш можевте да се потпрете на него како пријател и брат. Беше оптимист, секогаш позитивен, но и силен емотивец. Тоше не можеше да го сретнете изнервиран, да се кара или да навредува некого. Секогаш беше насмеан, дури и кога не му беше до смеење, би направил сè за другите да се чувствуваат расположено и на секому би му пружил барем една минута внимание. Често се релаксираше слушајќи музика низ дома. Сакаше опера, но музиката во филмовите ни беше заеднички интерес. Многу гледаше филмови, од кои најомилени му беа историските. Исто така и спортот го исполнуваше. Сакаше да компонира и да чита книги. Некое време пред да почине, многу малку знаеја дека тој почна да учи некои странски јазици, а особено беше импресиониран од италијанскиот јазик. Имаше малку слободно време, а и кога би го пронашол го поминуваше со семејството. Никогаш не можевте да го видите како што се денешните „ѕвезди“, да вели дека настапите му се напорни, дека не му се оди на концерти и дека е изморен. Дури и кога беше уморен, што често се случуваше, сакаше да каже „Ах, како добро се уморив“. Било да се работи за концерти или за спорт, го сакаше тоа што го работеше, вели таа.
Колку долго се познававте?
– Се запознавме во 2004 година и тоа сосема случајно. Мојата фамилија го познаваше бидејќи се занимава со музика, па така остваривме контакт.
Дали ти пречеше што по несреќата, многумина почнаа да се поврзуваат со него иако не биле ни приближно блиски?
– Ми сметаше и се уште ми смета. Многу ме нервира фактот, почнувајќи од обожавателите, па се до луѓето кои можеби неколку пати седеле со него, кои го нарекуваат пријател, да зборуваат во новините како Тоше бил ангел или вонземско чудо. Дали тие луѓе имаат искрени чувства и почит? Апсурдно е да слушам и читам такви изјави. Луѓето кои навистина го познавале ќе се согласат со мене. Тоше не беше никаков светец. Тој е само момче кое не може да се најде во денешниот свет, бидејќи навистина е реткост да се види комплетен и грижлив човек кој би му помогнал и на мало дете и на 100-годишен старец. Тоа го нема денес и слободно можам да кажам дека ми е срам во име на сите тие луѓе. Пред сè, тој беше многу добро воспитано момче, побожно. Културата, побожноста и добрината со кои доаѓаше од семејството и црквата се работите кои најмногу го одликуваа.
Дали можеш да одделиш некоја случка која заедно сте ја доживеале?
– Во една прилика додека седевме ми кажа како им се восхитува на момците од групата „Il Divo“. Беше во состојба со часови да зборува за нив. Беше фасциниран. Од 2007 година до денес, јас редовно им одам на концерти и тоа во првиот ред.
Што би му порачала на Тоше. доколку би можела?
– Само би му кажала: ТИ БЛАГОДАРАМ.
Извор: Идивиди

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1