8-годишно дете без знаци на живот донесено во болницата во Неготино


Осумгодишно дете вчера беше донесено во Здравствениот дом во Неготино без знаци на живот, информираа денеска од таа јавна здравствена установа.

– Беше пробано да се анимира, но без успех. Беше пријавено во полиција. Телото на детето немаше знаци на насилство, повреди. На барање на полиција, известен беше и јавен обвинител, посочија од Здравствениот дом.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски истакна дека телото било предадено на семејството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на местото на кое починало осумгодишно дете вчера во Неготино.

-Според сознанијата добиени на лице место, осумгодишното дете по завршување на училишниот ден, било оставено на чување кај роднини. Заедно со уште четири други деца седеле на ѕид со висина од околу 70 сантиметри на еден од дворовите и разговарале. Во близина биле и неколкумина возрасни. Во еден момент детето се пожалило дека му е лошо, по што паднало од ѕидот. Возрасните го пренеле во болница, каде и покрај обидите за реанимација била констатирана смрт. Од извршениот увид на лице место и разговорите со сите сведоци на настанот, не произлезе никакво сомнение дека смртта е резултат на кривично дело. Родителите на детето исто така во разговор со јавниот обвинител изјавиле дека не се сомневаат оти причината за смрт би можела да биде кривично дело, велат од Службата за односи со јавноста​ при Републичкото јавно обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1