8 месечно бебе се задушило додека родителите правеле забава на приземје


Халима Саида Али била пронајдена без свест во креветот во семејниот дом во Дерби, Велика Британија. Мајката Шенон го пронашла своето бебе заглавено измеѓу душекот и држачот од креветот. Бебето било моментално пренесено во болница, но после две недели починало, пренесува Daily Mail.

bebe krevetce

Осуммесечното бебе се обидувало да се измолкне од креветот и останало заглавено, додека неговите родители правеле забава на приземјето од куќата. Иако, бебето кога било префрлено во болница давало знаци на живот и било приклучено на апарати за одржување, после тешката борба лекарите да му ја стабилизираат состојбата, бебето починало после две недели.

Вештакот кој го прегледал телото на бебето рекол дека не биле воочливи никакви знаци на насилна смрт и додал дека се работи за несреќен случај.

Во извештајот на полицијата се наведува дека во моментот на несреќата, родителите биле во домот, на долниот кат каде што се случувала забавата, но дека бебето го оставиле само на кратко време.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1