80 годишен дедо се качи на Монт Еверест (Фото)


80-годишниот јапонски алпинист Yuichiro Miura, кој имал четири операции на срцето, се искачи на Монт Еверест и со тоа стана најстариот освојувач на нависокиот врв на Земјата.

Yuichiro Miura се искачил на врвот на Хималаите по стандардната југоисточна рута која пред 60 години за прв пат ја минаа Едмнд Хилари и Тензинг Норгеј. На врвот висок 8.848 метри тој пристигнал во друштво на тројца Јапонци, меѓу кои е и неговиот син.

Yuichiro-Miura22

„Чувството е прекрасно“, рекол Miura по доаѓањето на врвот, обраќајки се преку сателитски телефон на пријателите и семејството собрани во Токио, пренесува Ројтерс.

Се работи за негово трето искачување на највисоката точка во светот. Miura веќе се најде во Гинис, каде бил запишан како најстариот освојувач на Еверест како 70-годишен во 2003 година

Рекордот во 2007-та година му го срушил сонародникот Katsusuke Yanagisawa, кој тогаш имал 71 година, а од 2008 година рекордот го држеше Непалецот Min Bahadur Sherchan кој успеал да се качи на врвот на 76-годишна возраст.

Yuichiro-Miura

И Miura таа година го оствари свето второ качување на Еверест, но тогаш имал „само“75 години.

„Кога се искачив на 75 години, сфатив дека ништо не е невозможно“, изјавил тој.

Дека се работи за необичен алпинист говори податокот дека во 1970 година тој бил првата личност која од Еверест се спуштил на скии. Тргнал од 8.000 метри височина и се служел со падобран за кочење за време на спуштањето.

Со Оскар наградениот документарен филм „Човекот кој со скии се спушти од Еверест“ е снимен за Miura кој потекнува од здрава лоза, затоа што неговиот татко се спуштил од Монт Еверест на 99 години.

Рекордот на Miura сепак би можело да има краток рок на траење – Min Bahadur Sherchan, кој сега има 81 година, најави дека следната недела ќе започне ново качување на „кровот на светот“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1