800 луѓе се запалиле во црква поради сулудо верување – меѓу нив и 78 деца (Видео – вонемирувачко)


Овој несреќен и трагичен настан се случи пред точно 14 години во Уганда,  800 луѓе беа запалени со бензин, меѓу нив имало 78 деца. Сите биле членови на сектата ” движење за обнова на 10 заповеди ”

Spaljivanje-830x553Убедени дека доаѓа крајот на светот , следбениците на сектата го продале својот имот , се облекле во бела, зелена и црна униформа и ги одвеле своите деца во црква во Уганда во градот Канаунгу.

Ја забарикадирале вратата и сите прозорци, и по неколкуте часа поминати во пеење, се полеани со бензин и запалени.

– Сведоци велат дека слушнале крици, но сè било готово многу брзо – изјави за новинарите тогаш портпаролот на полицијата .

Поради пожарот , беше невозможно да се избројат изгорените жртви, но се верува дека имало околу петстотини , од кои 78 деца , а cпотоа  бројката се зголемила кога биле откриени масовни гробници – се искачи на над 800 луѓе.
Што е, всушност, оваа секта?

ODBZ е основана во 1989 година, во време кога африкански католиците ги тресела треска на привиденија на Дева Марија и Исус. Луѓе кои имале ваква визија биле сметани за пророци. Кога селото Канунгу било означено како место на спасението на Дева Марија , следбениците на ODBZ  се преселиле таму во 1994 година. Успеале да привлечат голем број на монахињи и католички свештеници во своите редови.

Меѓу нив застана и Доминик Катарибабо, кој беше образован во Америка. Главната порака на оваа секта е дека десетте заповеди во денешниот свет се искривени и дека тие треба да бидат целосно обновени, за доброто на целото човештво.

“Сите од вас кои живеат на планетата, слушнете што велам , кога ќе заврши 2000 година , ќе нема 2001 година. Тоа ќе биде само една нова генерација која ќе има малку или многу луѓе , во зависност од тоа колку многу ќе се покајат … Господ ми рече дека урагани на оган од небото ќе се шират на сите оние кои не се покајале . ” изјавувал Доминик

Lesevi-u-UgandiODBZ движењето во тоа време имаше 5000 членови, во неколку мали градови од Уганда. Следбениците морале да избегнуваат секс , помалку да зборуваат за да не се кршат Божјите заповеди , а особено онаа  ” не сведочи лажно против ближниот свој “, и имаат развиено знаковен јазик како не би морале да говорат.

Тие го објавија крајот на светот за 31 декември 1999 година, но бидејќи тоа не се случи го  преселија на датумот на 17 Март 2000 година.
Првиот неуспех на предвидување на крајот на светот ги зголеми сомневањата за лидерството и членство било во опаѓање, а некои барале да им се вратат парите кои ги дале во сектата. Во ива време веројатно се создале и “предавници” кои беа убиени во неколку бранови пред 17 март.

Нивните тела подоцна беа пронајдени во масовни гробници. Можно е дека меѓу нив биле членови за кои се смета дека не  биле подготвени да се самоубијат.

Само неколку членови знаеле за самоубиство, на другите едноставно им било речено дека ќе чекаат Богородица да се појави на тоа одредено место. Тие не ни очекувале дека ќе бидат живи запалени – Оттука голем број на жртви, сметаат истражителите.

Постојат сомневања дали меѓу жртвите биле и лидерите на сектата. Првично Доминик наводно бил идентификуван меѓу запалените тела, но  подоцна на владата на Уганда издаде налог за негово апсење и потерница. Некои сведоци  велат дека сите тие избегале со парите од сектата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1