8 год затвор и да ги врати парите – пресуда за фризерката Благица која измами граѓани со станови


Со солзи во очите Благица Дончевска го слушаше Судечкиот совет, кој ја читаше пресудата и износите што таа треба да им ги надомести на измамените граѓани кои и’ дале пари за станови што требала да ги обезбеди. За стореното дело Дончевска е осудена на затворска казна во траење од 8,6 години, а нејзиниот татко Ацо Велјановски, кој и’ помагал во измамата, на 4,6 години затвор. На оштетените граѓани ќе треба да им врати 45 милиони денари.

frizerka1Дончевска нудела на продажба станови наменети за млади брачни парови, социјални случаи и лица со посебни потреби. На тој начин довела во заблуда 41 лице од кои зела 45.490.120 денари, или околу 750.000 евра. убедувајќи ги лековерните „купувачи“ дека таа работи на владин проект за изградба на станови.

Инаку, меѓу оние 41 измамени е и пејачот Миле Кузмановски. Само нему Дончевска ќе треба да му исплати 1,8 милиони денари, а тој и другите измамени околу евентуалната наплата и на камата ќе треба да поведат судска постапка.

Скандалот со продажбата на евтини станови беше отворен кон средината на март минатата година. На сметката на Ацо Велјановски немало пари, односно таа била во минус за цели 56.000 денари. Обвинителството, во април минатата година, побара замрзнување на имотот на Дончевска и на нејзиниот татко. Станува збор за двата стана во Скопје, четири возила, накит и покуќнина.

Утрински весник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1