Умреле од страв – авионот почнал да се распаѓа за време на летот (Фото)


Проблеми се појавија кога во текот на летот 2412 од Орландо до Атланта во САД , цел панел од крило се откинал и летнал, оставајќи празни жици и хидраулични машини да зјаат отворени, а сето тоа го гледале преплашените патници.

avion-foto-twitter-1395079173-463819Неверојатна среќа имаа 185 патници и членови на екипажот на Боинг 757 на компанијата Делта кој вчера вечер беше принудно приземјен поради технички проблеми .

Авионот само почнал да се распаѓа а делови од крилото да се кршат и одлетуваат. Еден патник ја фотографирал штетата на крилото и стави слика на Твитер со коментар: ” Можете ли да замислите како се чувствувам кога од авионот го гледам ова”

Пилотот веднаш контактирал со контролорите на воздушниот сообраќај и побарал принудно да слетаат. Авионот успешно е приземјен и сите патници се безбедни.

“Екипажот ја следи стандардната процедура. Иако дел од крилото се откинал и жици биле изложени тоа не претставувало закана за безбедноста на авионот, но сепак е побарано итно слетување според протоколот. – . Изјави портпаролот на Делта

avion-foto-twitter-1395079809-463821

avion-foto-twitter-1395079173-463819

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1