Малигните заболувања добиваат епидемиски карактер.
Секоја година во Македонија има околу 800 нови пациенти со рак на белите дробови, кој е најчеста малигна болест во светот, а бројот на новозаболени пациентки со рак на дојка изнесува од 650 до 750.
Пушењето е најчест причинител за рак, а останатите ризични фактори за појава на болеста се алкохолот, физичката неактивност, дебелината, слаба консумација на зеленчук и овошје, загадувањето на животната средина, ХПВ и хепатитис Б вирусите, арсенот во водата, афлатоксините во храната итн.