9.000 евра отштета за шефот за УБК Мијалков и за неговиот адвокат


Основниот суд Скопје 2 пресуди дека двајца новинари на дневниот весник „Фокус“, што згасна по смртта на неговиот сопственик Никола Младенов, мора да платат надоместок во вкупна висина од околу 9.000 евра на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, „за нарушување на неговата чест и углед“.  Јадранка Костова е казнета со 5.000 евра, Владо Апостолов со 1.000 евра, а мора да ги платат и судските трошоци на адвокатот на тужителот Мијалков, Антонио Апостолски, во висина од 3.312 евра.

fokus1-570x272Весникот и новинарите се осудени поради објавување на два текста со пренесени изјави на поранешниот амбасадор на Македонија во Чешка, Игор Илиевски.  И самиот ексамбасадор е осуден на казна од 10.000 евра, но тој по напуштањето на функцијата не се врати во Македонија, а со македонската јавност комуницира само со дописи, во кои продолжи со обвинувањата кон Мијалков и со тврдењата дека бил принуден да се крие во странство.

Реагираа осудените новинари.  Уредничката на тогашниот дневен весник „Фокус, и на актуелниот истоимен неделник, Јадранка Костова, изјави дека „со ваквиот судски аршин – за пренесена изјава од релевантен извор, човек кој оваа власт го назначи за државен секретар во МНР, а потоа и амбасадор во Чешка, да бидеме казнети со околу 9.000 евра – можеме комотно да ставиме катанец на Фокус. Или, можеби и тоа им е целта“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1