Финската полиција сериозно ја сфатила борбата против пиратерија. Поднела кривична пријава против 9 годишно девојче и го запленила нејзиниот лап топ играчка со сликичка на ,,Winnie the Pooh,,
Девојчето е обвинето за пиратерија поради симнување на песни. Односно наводно таа преку својата играчка симнала песна од Pirate Bay.
Полицијата им рекла на родителите дека од нивната интернет конекција е симната песна. Девојченцето ја барало и ја нашло песната – си ја симнало, а подоцна дури и го купила албумот. Но сајтот од каде ја симнала песната бил пиратски.
Сега семејството мора да плати казна од 600 евра и да потпише договор дека никогаш нема повеќе да го прави тоа. Полицијата им се појавила на врата со налог за претрес и го запленила лап топот играчка.
Она што е запрепастувачко во Финска е што родителите не се одговорни за децата како во сите земји ако е пиратерија во прашање. И пријавата за пиратерија е поднесена на име на девојчето.
Вратете и го лап топот на девојчето ФИНСКА смешни сте – се коментарите на светските медиуми кои известија за овој случај.