90 годишен човек од Судиска Арабија купил 15 годишно девојче да му биде невеста.
Девојката е продадена од родителите за 20.000 долари и според борците за човекови права кои ја посетиле, била преплашена по првата брачна ноќ. Се заклучила во собата и не сакала да излезе 2 дена, по што успеала да побегне и да се врати кај родителите. 90 годишниот зет инсистира да му се врати невестата тврдејќи дека не сторил никаков криминал и ,,поштено,, си ја платил. Откако девојчето одбило да се врати самоволно биле повикани невладините организации да помогнат во случајот, пишува Al Arabiya.
Зетот тврди дека ништо не сторил и дека девојчето се заклучило уште пред тој да успее да влезе во собата на првата брачна ноќ. Тој се сомнева дека родителите и девојчето тоа го испланирале за да му ги земат парите.
Тој сега ангажирал адвокати и бара или да му се врати жената или парите.
Suhaila Zein al-Abedin, членка на асоцијацијата за човекови права бара од властите да интервенираат и да се спаси ова девојче од трагедија. Доказ дека нешто не е во ред е што според исламот за брак треба да се согласни двете страни, а фактот дека девојчето избегало покажува дека ова е против нејзина воља.
Таа бара да се вовоеде и минумум возраст со која ќе се дозволи брак.
Во 2010 околи 60 000 двојки во оваа земја се венчале а имало 18.000 разводи.
Зетот има 40, невестата 11 години – култура на педофилски бракови во светот (Видео)