Зетот има 40, невестата 11 години – култура на педофилски бракови во светот (Видео)


Педофилски брак со 11 годишно девојче, на 16 годишните стари моми возот одамна им заминал.

Љубовта не познава граници, вонвременска и вондимензионална категорија без конкретна дефиниција. Брачни партнери, едниот неколку децении  постар од другиот, ако, денес тоа е дури и модерно. Но ако едниот од партнерите е дете, и уште пострашно, ако законот ваквиот брак го одобрува, кај ни е крајот.

Авганистан, во еден од руралните делови, пред почнувањето на свадбената церемонија 40 годишниот младоженец се фотографира со својата „малечка“ невеста. Сакала да биде учителка но наполнила 11 години „крајно време за мажачка“.

За жал не е единствена, 51 милиони деца во светот ја делат истата судбина. Фотографот Стефани Синклер сликала малолетни девојчиња што склучуваат брак со 20 и 30 години постари младоженци. Ова не е типично само за една религија, туку е обичај за многу религии и култури.

Се склучуваат бракови за кои невестите буквално не се свесни. Авганистанските мажи склучувањето на ваквите бракови ги правдаат со сексуална апстиненција се додека нивната сопруга не навлезе во пубертетската фаза, вели фотографката Синклер, сепак додава, некои жени и се довериле дека сексуалните односи најчесто почнуваат пред пубертетот.

Мисијата на Синклер не е само фотографијата, таа оди низ овие средини и се бори за спречување на ваквите појави.  Христијанска заедница во Етиопија, 14 годишно девојче со врзани очи било однесено во домот на младоженецот, не поради традиционални побуди или адети, ја врзале за да не знае  да се врати дома.

Tags: , , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1