Младите Унгарци можат да “летуваат“ во воен логор


Една унгарска приватна фирма која се наоѓа во близина на Будимпешта нуди “летување“ во воен логор, каде главните активности би биле воведување дисциплина, ракување со оружје и воени вежби со вистински војници.

Младите Унгарци на возраст помеѓу 12 и 21 година можат да го поминат одморот на еден неконвенционален и необичен начин .

Една унгарска приватна фирма која се наоѓа во близина на Будимпешта нуди “летување“ во воен логор, каде главните активности би биле воведување дисциплина, ракување со оружје и воени вежби со вистински војници.

„ За 120 евра неделно, нудиме вистинска воена обука. Има вежби за издржливост, трчање наутро и гимнастика. Младите ќе треба да ги слушаат инструкторите кои доаѓаат од разни армиски сили“, објасни раководителот на кампот Жолт Хорват

Во активностите вклучено е и пукање со Калашников AK-47. Се пука исклучиво со лажни куршуми, но според раководителот на кампот,  и така се стекнува искуство за ракување со оружје.

Во кампот владее железна дисциплина и за се’ е потребна дозвола. Воениот логор постои шест години,  и очигледно, редот и дисциплината во него им се допаѓаат на децата.

Share Button

Tags: , , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1