Адвокатот Игнат Панчевски проговори за инцидентот


Скопскиот адвокат Игнат Панчевски бил ранет со еден истрел од пиштол во ногата поради случај во кој тој бил вклучен околу две недели, а кој бил поврзан со одземање куќа.

– Имав среќа што сум само полесно повреден, изјави вчера Панчевски за Дневник додека одел кон полициска станица во врска со решавање на инцидентот во кој тој беше ранет.

pancevskiСпоред МВР, вооружениот напад се случил во четвртокот околу 15 часот во Скопје кај киното Бутел. Во тоа време скопскиот адвокат го управувал својот автомобил кога во еден момент некој почнал да пука кон него. И покрај истрелите, Панчевски продолжил да го вози автомобилот и стигнал до Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што му е укажана лекарска помош. Тој немал сериозна повреда за што говори и фактот дека веднаш бил пуштен на домашно лекување.

Самиот Панчевски го посочил можниот сторител по што МВР презема мерки за расчистување на случајот.

-Не знам зошто во случајот жртва би бил адвокатот во судската постапка. Во случајот станува збор за извршна постапка во која има должници и јас бев ангажиран само 15 дена. Не сум ја изгубил постапката за да има незадоволен клиент – ни рече Панчевски, кој смета дека е избран, како што вели и самиот, оти бил најслаба алка во целиот случај бидејќи постапката вклучувала и банки и други институции.

Според него, во секоја извршна постапка има емоции од инволвираните страни и неретко гневот го истураат на погрешната страна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1