Пожар избувнал денеска во рентген просториите при Здравствениот дом во Неготино. Пожарот е изгаснат и се утврдуваат причините и материјалната штета. Во пожарот нема повредени лица.
Пожарникарите реагираа веднаш штом беа повикани и пожарот беше изгаснат. Се утврдува материјалната штета и причините за пожарот.
Околу седумдесет пожари се регистрирани во првата половина од годината во Тиквешијата, информираат од територијалните противпожарни единици од Кавадарци и Неготино. Во единицата во Неготино е регистрирана 21 интервенција.
Четириесет од пожарите избувнале во затворен, а пет на отворен простор. Имало пет интервенции при сообраќајни несреќи. Споредено со лани, засега се бележи намалување на шумските пожари, а зголемување на пожарите во градот и интервенциите при сообраќајки.