Загинале сите 295 патници од Боингот – срушен со ракета земја- воздух – Русија демантира дека e нивна ракета


Малезискиот патнички авион е срушен од ракета земја- воздух испукана од руските сепаратисти, изјави Антон Герашенко, министер за внатрешни работи на Украина. Авионот со 295 патници е срушен кај Торез, близу Шахтерск, на границата на Украина кон Русија, подрачје во кое деновиве има интензивни борби.

Герашенко тврди дека сите патници се мртви.

avion ukrainaРуското Министерство за одбрана денеска како апсурдни ги отфрли украинските обвинувања дека ракета истрелана од руски воен авион на 16 јули го погодила украинскиот авион „СУ-25“, што бил на задача над југоисточна Украина.

Висок претставник на министерството за ИТАР-ТАСС изјави дека Украинците ја обвинуваат Русија речиси секојдневно, ветувајќи несоборливи докази за своите тврдења, кои никогаш не се појавуваат, туку лансираат нови и нови „уште пофантазмагорични обвинувања“.

И рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, категорично ги отфрли обвинувањата за уривање на украинскиот авион, пренесуваат британските медиуми.

Ова, инаку, е првпат Киев да изнесе обвинување против руските воздухопловни сили.

Се урна малезиски авион со 295 патници – има сомнежи дека е погоден со ракета (ВИДЕО)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1