Се урна малезиски авион со 295 патници – има сомнежи дека е погоден со ракета (ВИДЕО)


Авион боинг 777 на „Малезија ерлајнс“ се урнал над источна Украина, на 50 километри од границата со Русија.

avion padnat 2Украинскиото министерство за внатрешни работи соопшти дека малезискиот авион кој се урна во источна Украина бил соборен од проектил. Според Антон Херашченко од министерството сите 280 патници и 15 членови на посадата загинале во несреќата. Интерфакс претходно  јави дека малезиски авион се урнал во Украина во близина на границата со Русија. Авионот, кој патувал од Амстердам до Куала Лумпур бил пронајден како гори на украинска територија. Украинските власти за Интерфакс изјавиле дека авионот се урнал во близина на Шахтарск, кој се наоѓа во регионот Донецк, кој е под контрола на сепаратистите.

Локалните жители јавиле дека нашле авионски делови што би можеле да му припаѓаат на малезискиот авион. Тие рекле дека не виделе ниедно тело, јавува РИА новости.

avion padnatРусија не соборила украински борбен авион кој извршувал воени операции во источна Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во ОН. „Ние не го сторивме тоа“, изјавил кусо во Њујорк, Витали Чуркин одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот. Од друга страна, руското министерство за одбрана украинските обвинувања за вмешаност на Русија во соборувањето на украинскиот борбен авион ги нарече апсурдни, пренесе руската новинска агенција Интерфакс. „Тоа е апсурдно, токму како и сите други претходни обвинувања од страна на раководството во Киев“, изјавил портпарол на министерството.

Загинале сите 295 патници од Боингот – срушен со ракета земја- воздух – Русија демантира дека e нивна ракета

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1