33 год скопјанец почина во тешката сообраќајка, но неговите бубрези спасија двајца браќа


Да се биде човек, да се спаси друг живот  и во најтешките моменти, кога најблискиот го напушта овој свет е дело за почит. 

Не ја преживеа тешката сообраќајка, но им подари живот на двајца браќа од Скопје.   33 годишниот скопјанец во неделата починал на КАРИЛ.  Имал мозочна смрт, а органите му биле здрави. Семејството иако скршено од тага и болка одлучило да се донираат неговите  бубрези, тие да продолжат да живеат во друго тело и да спасат нечиј живот. Тие дури сакаат и да ги видат момчињата.

operacijaДвајца браќа на возраст од 27 и 29 години чии бубрези не работат, сега ќе го продолжат својот живот без дијализа. Пред два дена успешно им беа трансплантирани бубрезите. Имале иста крвна група со починатиот и анализите покажале дека органите одговараат. 

„Во разговор со семејството во тие тешки моменти решија бубрезите на сега починатиот да продолжат да живеат во двете момчиња.Тоа е единственото добро,ако воопшто може така да се каже во овој несреќен случај“, вели националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Аспазија Софијанова.

Тимот се собра за неколку часа. Двајца колеги повикав од годишен одмор, операцијата почна во 15 часот од кадаверот до 24 часот беше завршена. Пациентите се во одлична состојба. Бубрезите уште во текот на операцијата почнаа да работат“, рече прим. д-р Михаил Пенев, директор на Универзитетската клиника за урологија.

Со овие две пресадувања, бубрег од починат донор годинава добија 6 бубрежно болни. Моментално на листата за трансплантација орган чекаат 250 пациенти.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1