Десетгодишни дечиња кои си играле на улицата „Борис Кидрич“ заедно со 26-годишниот С.У. во контејнер пронашле црна вреќа со непозната зрнеста и топчеста материја и празни патрони од ловна пушка, кои ги истуриле на куп и со чкорче од кибрит ја запалиле смесата.
Смесата направила силно осветлување и експлодирала, при што ги повредила.
Дечињата биле пренесени во ЈЗУ-Борка Талески – Прилеп каде им се констатирани тешки телесни повреди.