Индиски ,,боливуд,, филмови ќе се снимаат во Македонија


 

Првите луѓе на Сахара Груп“, од вчера се во Скопје. Вкупно 45 луѓе предводени се од сопругата и синот на мултимилијардерот Субрата Рој ќе одат во Охрид. Во делегацијата е и познат филмски продуцент од Индија, а цел им е во Охрид да најдат локации за снимање на филмовите.

Индиската филмска делегација ја придружува Директорот на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони Виктор Мизо. А од понеделник на филмаџиите друштво ќе им прават и неколку министри.

Вчера се сретнаа со премиерот, а прошетале и низ Скопје. Прва дестинација била Спомен-куќата на Мајка Тереза.
Делегацијата во Македонија ќе престојува до понеделник. Доколку им се допадне Охрид ,,боливуд,, ќе има македонски печат.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1