Татко и две деца загинале во тешка сообраќајка.
Утрово нешто пред 8 часот на Јадранската магистрала во близина на Дубровник се случила страшна сообраќајка, во која животот го загубиле татко и две деца.
Според првичните и се уште неофицијални информации кои ги пренесуваат хрватските медиуми, во сообраќајката учествувале автомобил со британски регистарски таблички и камион на јавното претпријатие Дубровник патишта.
Покрај загинатите, тешко се повредени и мајката и третото дете кои итно се префрлени во болницата во Дубровник.
Сообраќајот се уште целосно е блокиран, а локалната полиција апелира за трпение кај возачите.
Ова е втора страшна сообраќајка која за неколку дена го потресе Балакнот. Пред неколку дена во сообраќајка во Македонија загинаа две лица во сообраќајката кај Удово.