Неколку силни експлозии одекнале во Каосиунг, град на северозападот на Тајван, а повредни биле повеќе од 200 луѓе. Алармите на автомобилите биле вклучени, а се претпоставува дека до експлозијата дошло поради истекување на гас.
Според зборовите на очевидците, се започнало околу 9 часот навечер по локално време. Се формирала густа магла од чад, проследена од пожари и експлозии.
Други изјавиле дека низ целата должина на улицата има тела, а дека небото станало црвено. Најмалку 115 лица биле хоспитализирани.