Денес ќе се знае кој фирми ја рашириле смртоносната бактерија од која починаа 4 лица


Конечни резултати  од анализите на мострите кои треба да го лоцираат изворот на заразата со бактеријата листерија, од која досега заболеа осуммина, а од нив четворица  починаа, се најавуваат за денес. Иако првично, Агенцијата за храна и ветеринарство резултатите ги  најавени за завчера, Ветеринарниот факултет (во чија лабаораторија се вршат анализита, напоредно со лабораторијата во Институтот за јавно здравје), побарал дополнително неколку денови за довршување на анализите.

bakteria-virus-labaratorija11Според нецелосно обработените мостри, листерија е пронајдена во примероци од колбаси кај двајца домашни производители.

Агенцијата спроведува засилени контроли за сите производи од животинско потекло, како и во сите производствени капацитети, дистрибутивни центри, пазари, продавници.

Сите пациенти кои се лекуваа на Клиниката за инфективни заболувања се од различни делови на земјава – од Скопје, Македонски Брод, Гевгелија, Охрид  и Кочани, но карактеристично е тоа што истражувањата покажаа дека еден ист поттип е одговорен за сите случаи, што укажува на ист извор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1