Ако го смените работното место,здравственото осигурување автоматски ќе ви се префрли


Од денес сите нововработени и оние кои ќе сменат работно место автоматски ќе добиваат здравствено осигурување без да носат документи во Фондот за здравство, соопшти денеска оваа државна институција.

„Ова е новина и олеснување за сите фирми (околу 60.000) кои месечно во Фондот доставуваат околу 30.000 промени за вработени и членови на фамилии. Ако едно лице се вработи или пак го промени работното место, тоа лице и неговите членови на семејството автоматски ќе добијат здравствено осигурување без пријавување во Фондот и без ризик од прекин на континуитетот во здравственото осигурување поради неажурност на фирмата“, соопшти денеска Фондот.

sini-kartoni1Со имплементирање на оваа законска промена, овластените лица на фирмите на веб порталот на ФЗОМ во иднина ќе продолжат да ги спроведуваат само пријавите во здравствено осигурување на новите членови и одјавите.

Втората новина што денеска ја соопшти Фондот се однесува на добивање на електронски изводи по службена должност од матичната книга за новородени деца, кои досега осигурениците требаа да ги носат во копија за да се добие здравствено осигурување.

Од утре кога родителот за прв пат ќе го пријави своето дете за здравствена легитимација и електронска здравствена картичка, ФЗОМ автоматски ќе го добие изводот од Управата за водење на матични книги и новите родители ќе бидат ослободени од шетање по институции.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1