Поплавите во бугарскиот град Мизија зедоа две жртви, а спасувачките тимови евакуираа повеќе од 500 лица, откако синоќа надојде реката Скут, која минува низ градот, јавува бугарската новинска агенција БТА
Повеќе од 50 куќи се урнаа при надоаѓањето на реката Скут, а стотина куќи останаа под вода. Сè уште трае евакуацијата на населението со хеликоптери и чамци.
Во поплавите во Бугарија, во јуни загинаа 11 лица, а најтешко беше погодена Варна, на брегот на Црното Море.