Наезда на џиновски скакулци во Штип и Кавадарци – никој не реагира, жителите немаат мир (Фото)


Стотици ЏИНОВСКИ марокански скакулци висат по оградите во Кавадарци. Луѓето секојдневно пријавуваат до надлежните служби бараат помош, но досега сите се прават на Тошо, велат кавадарчани.

skakulci kavadarci3

 

skakulci kavadarci

,,Совет од општината им дале – да си прскаат сами. Граќаните прашуваат како сами да успеат да уништат толкав голем број на скакулци? Во очај направиле и фејсбук група – ,, помош за скакулците во Кавадарци,,

Проблем со џиновските скакулци имаат и штипјани. Жителите  реагираат дека ги има во голем број, особено по дворовите и цвеќињата. Во градот тие се причина за непријатност, во селата за нервоза и штети.

– Се што насадивме, уништија, ништо не оставија. Освен градинарските култури, го нападнаа и тутунот, ги уништуваат стеблата, вели жител на штипското село Лакавица.

skakulci kavadarci2
Климатските промени кои настанаа со поплавите во соседните земји и врнежливите денови овде во текот на летото, влијае на зголемувањето на бројот  на инсектите,  вели прим. д-р Велик Грков, директор на Центар за јавно здравје – Штип.Ова е причина што речиси секој ден, најмалку по еден пациент завршува на лекар, поради последици од укасување на инсекти.

– Убодите на комарците придонесуваат за иритација на кожата, а може да се пренесе и заболување, во најлош случај маларија. При евентуален убод од стршлен, кој е дојден во Скопје може да биде причина за тешка клиничка слика, да доведе до анафилактички шок или смрт, потенцира д-р Велик Грков.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1