Кога отидов да положам цвеќе и да запалам свеќа на гробот од моите родители, на мојот брат и одамна погребаната млада внука забележав дека семејната гробница ни ја украле, а потоа биле изведени и други незаконски дејствија. По ваквите сознанија јас и мојата сестра, која исто така живее со своето семејство во Тетово, не можам мирно да спијам, а покрај нарушениот сон се уште чуствувам длабок стрес затоа што таквиот спопред мене нецивилизиран потег задира длабоко во душата и емоциите и ја продлабочува тагата на упокоените мои родители и други блиски роднини во семејната гробница на која со децении никој не посегнувал.
Раскажува со длабока тага во душата и со насолзени очи Тетовчанецот Мице Димов кој заедно со неговата сестра и другите блиски роднини преземаат мерки за идентификување на сторителот, како и на сите оние кои поради разновидни интереси се вплеле во мрежата на кражба или пак препродажба на нашата семејна гробница.
-Никој нема право да задира во нашите емоции и да ни создава дополнителна тага и душевни болки со кражба, а потоа и со изведување на незаконски дејствија низ коските и посмртните остатаоци на нашите предци и на нашата легитимна семејна гробница на православните гробишта во Тетово, вели Димов.
За овој случај се известени сите надлежни, а поднесена е и кривична пријава до Основното јавно обвинителство, каде е во тек постапката за идентификување на крадецот на семејната гробница и за другите инволвирани и нивно повикување на одговорност.
Кисс.мк