Македонците можат да патуваат во Украина без визи до 15 март идната година.
Одлуката ја донесе украинскиот претседател
Според одлуката, државјани на Република Македонија, кои ќе престојуваат во Украина до 90 дена во рок од 180 дена од денот на првото влегување, ќе влегуваат на нејзината територија само со важечка патна исправа без поседување визи. Задолжителни се патничко осигурување и доказ дека граѓанинот поседува доволно пари за престојот во Украина.
Одлуката неважи за оние кои во земјата одат со цел вработување или друг престој повеќе од 90 дена.