Двајца моторциклисти се тешко повредени во сообраќајна незгода што се случи попладнево на патниот правец Струга- Дебар.
До незгодата дошло кога џип со струшки регистарски таблици удрил во група моторциклисти, при што двајца од нив се здобиле со тешки телесни повреди.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на моторциклите од повредените имало италјански ознаки. Едниот од нив е пренесен во струшката Општа болница, а другиот во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. И двајцата се надвор од животна опасност.
По краткиот прекин поради извршувањето на увид на местото на незгодата, сега сообраќајот на овој патен правец се одвива непречено.
Spectra.com.mk