Дали вашиот партнер прашува некого за насока, важно ли му е дали радиото постојано свири или сака да разговара додека вози, сето тоа може да делува неважно, но тоа ги одразува неговите длабки навики.
Оној кој на улица е полн со бес, пцуе и свири на секого, по негова проценка вози бавно или лошо укажува на тоа дека тој има „краток фитил“, често не го интересира што другите мислат за него и каков впечаток остава и најважно од се му недостасува култура во однесувањето.
Штом седне зад волан престанува со разговорот
Доколку мажот главно молчи зад воланот и не покажува интерес за разговор со вас тоа не е причина за грижа. Најверојатно тој возењето го доживува како можност да ги среди мислите или пак само се опушта со омилената музика. Ако претходно не бил таков посветете внимание дали комуникацијата помеѓу вас во последно време е нарушена. Доколку тоа не се случува само во автомобилот тогаш сфатете го тоа како знак на предупредување и проблеми на повидок.
Иницира важни расправи во автомобилот
Ако вашиот партнер го гледа автомобилот како место погодно за важни разговори како и расправии за иднината на вашата врска или проблемите кои ги имате во односот, тоа може да има двојно значење. Некои парови особено на долгите патувања тоа заедничко време го користат за разговор за проблемите кои постојат подолго време со надеж дека во малиот заеднички простор од кој не можат да побегнат полесно ќе дојдат до решение. Ако во расправијата дојде до зголемување на тонот, лутење, кои продолжуваат на остатокот од патот, тоа е знак дека не можете да се согласите околу важните работи иако двајцата имате желба за тоа. Следниот пат за проблемите расправајте се дома, а таквиот разговор во автомобилот свртете го кон друга тема.
Без проблем ви го дава воланот
Доколку вашиот партнер ви предложи да возите за тој да се одмори или да не ви биде здодевно, тоа значи дека тој нема проблем со препуштање на контролата и смета дека сте му рамноправни.
Сепак доколку секој ваш потег при возењето зајадливо го коментира и укажува на вашите грешки, тоа е знак дека сака да доминира над вас и дека всушност сака да „ве повреди“. Запрашајте се дали вашата врска има иднина ако критиките често се повторуваат и надвор од автомобилот.
Вози бавно и застанува на секое можно место
Ваков стил на возење покажува дека вашиот партнер често не е ориентиран на целта но можно е и да е неодлучен. Ако вози полека тоа открива дека е многу внимателен и по малку несигурен. На овој тим на мажи најчесто им треба поддршка бидејќи не е класичен алфа мажјак.