Моќта на негативните мисли…


Минатиот месец во Сан Хосе Калифорнија дваесет и едно лице побарало лекарска помош поради изгореници, здобиени од одење по жар, а сето тоа како дел од манифестацијата која е наречена „Ослободете ја внатрешната моќ“ под раководство на Тони Робинс.

Всушност постои тајна кога станува збор за одењето на жар: јагленот лошо ја пренесува топлината на околната површина вклучувајќи ја и кожата на нозете, па така доколку правите брзи и лесни чекори ќе поминете сосема безболно и без последици.

Но господинот Робинс и неговите следбеници најверојатно немале многу време за физика. За нив се е прашање на менталната состојба: Нивното уверување е дека успехот е врзан токму со неа и дека се е возможно. Што доколу целата таа позитивна енергија е дел од проблемот? Што доколку се трудиме да размислуваме позитивно наместо подобро да го разгледаме нашиот одност кон негативноста во емоциите и ситуациите?

Според истражувањата на психологот Габриел Отинген и нејзините соработници гледиштата дека ќе постигнете позитивни резултати доколку размислувате позитивно може да ја намалат можноста за остварување на истите. Таа своите испитаници се обидела да ги доведи во состојба на дехидратација и потоа ги замолила да замислат чаша свежа ладна вода. Кај нив бил забележан пад на енергијата во споредба со испитаниците кои имале негативни или неутрални мисли. Замислувајќи ја својата цел – чаша ладна вода, тие ја губеле желбата „да станат и да земат“ затоа што веќе објективно ја постигнале својата цел замислувајќи ја истата.

На пример доколку го прифатиме бодрењето со зборови чија улога е подигнување на расположението – повторувајќи ги: „јас сум сакан“, „мојот живот е исполнет со радост“, психолозите од Ватерло донеле заклучок дека ваквите изјави прават луѓето со мала самодоверба да се чувствуваат лошо.

Дури и поставувањето на цел со помош на сите постоечки мотивациски техники на менаџерите низ светот не е целосно корисна.

Со пречестото насочување на целите може да се наруши целокупната организација во очајничкиот труд да се исполнат саканите цели.

Иако поголемиот дел од ова истражување е нов, древните филозофи и духовни учители ја разбрале потребата за рамнотежа помегу позитивното и негативното, оптимизмот и песимизмот, тежнеењето кон успех и сигурност со очекување на неуспех и несигурност.

Дел од научниците дури и го препорачуваат „предвидувањето на злото или намерно замислување на најлошото можно сценарио“ при остварување на своите цели. На овој начин се намалува можноста од разочарување доколку не ја постигнеме саканата цел. Кога трезвено ќе замислите колку би можело да биде лошо во реалноста, често носите заклучок дека може да се помирите и справите со моменталната состојба. Исто така замислувајќи како би ја прекинале врската или би изгубиле некоја вредна работа во која моментално уживате ја зголемувате благодарноста за тоа што истите ги поседувате моментално. Додека пак позитивното размислување секогаш ве носи во иднината, игнорирајќи ги уживањата од сегашноста.

Лицето кое размислува позитивно никогаш не може да се опушти затоа што ја потиснува свеста во врска со тагата или неуспехот. Исто така кога си говорите дека се ќе испадне добро на многу слаб начин се подготвувате за оние времиња кога нема да испадне добро. Можете да се обидите од својот речник да го отстраните зборот неуспех но тогаш ќе добиете само посиромашен речник и неподготвеност кога вас навистина ќе ве погоди неуспехот.

Господинот Робинс тврди дека додека отите по жар треба да размислувате дека всушност одите по мраз. Но еве и подобра идеја размислувајте дека одите по жар.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1