Синоќа на улицата „Кеј 1-ви Мај“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која загина 22 годишен прилепчанец.
Младиот Бојан Ц. управувајќи моторцикл „Хонда“ изгубил контрола, удрил во банкината од улицата и паднал.
Од здобиените повреди прилепчанецот починал на лице место.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.