Тројца повредени во пукање во скопско Арачиново


Пукотници во скопско Арачиново. По полицискиот увид, според официјалните информации, станува збор за пукање од огнено оружје при кое биле повредени три лица, од кои една е жена.

policija-alfi-kalasnikovСпоред локалните жители на престрелката и претходела вербална расправија  пред маркетот „Нигрос“ . Неофицијално, станува збор за пукање од автомобил во жената и нејзините два сина.Поради увид, блокирана е улицата на влезот од селото. Тројцата повредени веднаш се пренесени на скопските клиники.Еден од тројцата повредени е пренесен во Ургентниот центар, додека останатите двајца во скопската Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ – велат од МВР

Од Ургентниот центар велат дека врз низ се вршат интервенции, но не прецизираат за колку повредени станува збор.

Полициски екипи попладнево го блокираа влезот во скопското село со цел да извршат увид и прибирање на докази од престрелката, во која според непотврдени информации повредени се мајка и нејзините два сина, јавува Утрински весник.

Случајот првично го пријавил анонимен граѓанин како убиство, меѓутоа полицијата на лице место наишла на тројцата повредни кои веднаш се пренесени на лекување.

Граѓанинот навел дека имало расправија и пукотници пред маркетот на улица „1“ во Арачиново, а дека се случило и убиство.

Според непотвдени информации во жената и нејзините два сина било пукано од возило во движење. Мајката е со повреди во десната бутна коска, едниот син во главата, а другиот во градниот кош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1