Одлуката за забрана за продажба на посилните правосмукалки стапува на сила од денеска -1 септември, а Брисел сериозно размислува да ги исфрли и феновите за коса и косилиците за трева
Откако Европската унија неодамна ја забрани продажбата на правосмукалки со јачина од 1600 вати, сега размислува да ја прошири оваа листа, а прв на удар е фенот за коса.
Поточно, се најавува дека околу дваесеттина мали апарати за домаќинство најверојатно ќе ги снема од пазарот. Меѓу нив, Брисел сериозно се намречил на фенот, чајникот и косилицата за трева.
Европската унија си постави за цел до 2030 година да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 30 отсто. Одлуката за забрана за продажба на посилните правосмукалки стапува на сила од денеска -1 септември.
Европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер изјави дека листата на апаратите кои ќе бидат исфрлени од употреба се уште не е затворена.
На потрошувачите, порачува ЕУ ќе им бидат понудени подобри производи.