Српската пејачка Цеца ги отвори вратите од својот дом на Кипар, за српската емисија „Ексклузив“.
Ражнатовиќ вели дека вилата во Аја Напи одлучила да ја купи кога пред неколку години била со своите деца на одмор на Кипар и тогаш многу и се допаднале климата и местото. Таа вели дека туристите најмногу ја фотографираат нејзината куќа.
Цеца неодамна изјави дека повеќе сака парите да ги вложува во опремување на куќата во Кипар и во Белград, отколку на купување скапи чевли и чанти.
Инаку, цените на недвижностите во ова популаро летувалиште, во зависност од локацијата се движи од 150.000 евра за помала куќа, па и до два милиони колку што чинат најраскошните вили.
Како изгледа куќата на Цеца на Кипар можете да видите ТУКА.