Клуч на врата за позната сендвичара во центарот на Скопје – луѓе се пожалиле на труење


Државниот санитарен инспекторат превентивно ја затвори познатата скопска сендвичарница во центарот на градот, откако семејство од Штип се пожали дека се затруло со нивната храна.

sanitarenЗа случајот не се откриваат повеќе информации. Семејството пред неколку дена се пожали дека позната сендвичара во центарот на Скопје им продала расипана храна а тие по консумацијата, морале да се јават во болница, пишува Прес24.

Претходно, Државниот санитарен инспекторат ја затвори сендвичарата во скопско Драчево, откако педесетина луше беа затруени. Анализата покажа фекални бактерии и салмонела во објектот и храната.

Младоженеци и кумови, затруени со салмонела: Дошле во Скопје по венчаница, завршиле во болница

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1