Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски денеска ја доби пресудата од Апелациониот суд кој му додели две годишна затворска казна за случајот со злоупотреба на тенковски делови.
– Седум години трае овој судски процес, седум години ја барам правдата, но ја нема. Полесно ќе најдев игла во пласт сено. Како и да е, надежта последна умира, ќе ја барам правдата пред највисоката судска инстанца, Врховниот суд. Ќе поднесам вонреден правен лек за вонредно преиспитување на пресудата – изјави Бучковски за „24 вести“.
Ппретходно за злоупотреба на службената должност во јули минатата година Основниот суд Скопје 1 му пресуди казна од 3 години, а откако Апелација ја потврди пресудата, денеска ја намали за една година затворската казна за Бучковски.