Мажите во Франција остануваат без сперматозоиди


Во претходните 26 години бројноста на сперматозоидите во семената течност на франуцските мажи опаднала за третина, а опаднал и нивниот квалитет, открива една нова студија.
Практично секоја година бројноста на сперматозоидите се намалува за 1,9 отсто а тоа е утврдено од примероците на  26.000 мажи од цела Франција.spermatozoid
– Ова е сериозен проблем и предупредување за јавното здравје – вели докторот Жоел Ле Моал, еден од авторите на студијата, пишува „Космополитан“.
Истражувачите нагласуваат дека бројот на сперматозоидите се уште е во границата на плодноста но овој постојан пад изгледа дека нема да запре, што го прави мрачно предвидувањето на иднината.
Причините за ова се бројни, а меѓу најчестите се хемиското загадување, лошата исхрана, стресот, зголемување на телесната маса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1