Во последните неколку години доста се зборува за појавата на новата генерација деца т.н. Индиго. Се смета, дека нивната цел е да им го покажат патпт на луѓето кон нивниот духовен раст и да ја зголемат вкупната енергетска фреквенција на Земјата.
Називот “Индиго” доаѓа од верувањето дека секоја човечка аура одговара на одредена боја од виножитото. Кај децата Индиго преовладува темносината нијанса која пак го симболизира третото око. Овие деца користат и две хемосвери на мозокот, затоа и мислата им е многу побрза.
Еве како може да препознаете дали вашето дете е Индиго, според експертите!
Децата Индиго се темпераменти и полни со енергија. Многу често се карактеризираат како хиперактивни, но тоа не значи дека сите хиперактвини деца се Индиго. Нивното внимание е хаотично и сакаат да прават неколку работи одеднаш.
Тие поретко боледуваат, секогаш им е потопло отколку на останатите и се хранат помалку.
Индиго децата не можат да меморираат студиски материјал. Тие учат исклучително добро барајќи ја логиката во работите. Сакаат да влегуваат во полемика со учителите и дури и да се расправаат со нив. Но секогаш интелигентно! Пртпочитаат да читаат книги, отколку да гледаат филмови, но се силно поврзани кон компјутерот. За нив тој е како продолжување на нивниот мозок.
Децата Индиго се исклучително внимателни и емоционални, но и доживуваат силни стравови. Може да се испаничат кога ќе ја изгаснете светлината во нивната соба или да избувнат во силен плач од глетката на болно животно.
Исклучително е важно, родителите на овие деца, да се емоционално стабилни и да комуницираат со нив на правилен начин. Овие деца не треба да се ограничуваат, туку напротив! Со колку повеќе воннаставни активности се зафатени, толку подобро за нив.
Боза.мк