Српски хомосексуалец го монтираше Путин! Фотографијата го заобиколи светот


“Многу сум горд што мојата фотографија стана симбол на протест против Владимир Путин во ослободувањето на женскиот панк бенд “Pussy Riot“, напишал авторот на фотомонтажата, Предраг Аздејковиќ на својот блог.

Фотомонтажата на претседателот на Русија, Владимир Путин, која го заобиколи светот, е дело на Србин кој е хомосексуалец. Оваа фотографија ја носеа активистите во Москва, кои протестираа против затворањето на членките на рускиот панк состав “Pussy Riot“.

Оваа фотомонтажа настанала уште во 2009-та година, и била дел од изложбата под мото “Шминкери“.

 

Целта на изложбата била “да престанат политичарите од земјата и светот да се однесуваат како поголеми ѕвезди од пејачите и актерите“.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1